
Календар
Изберете Мени > Организатор > Календар.
Тековниот ден е врамен. Ако постојат поставени белешки за денот, денот ќе биде
прикажан задебелено. За да ги видите дневните белешки, изберете Прикажи. За
да видите седмица, изберете Опции > Неделен приказ. За да ги избришете сите
белешки во календарот, изберете Опции > Избриши белешки > Сите
белешки.
За да поставите датум, време, временска зона, формат на датум или време,
сепаратор за датум, основен поглед или прв ден од седмицата, изберете Опции >
Прилагодувања и од достапните опции. За автоматско бришење на стари
белешки после одредено време, изберете Опции > Прилагодувања > Авто.-
бришење бел. и од достапните опции.
Внесување календарска белешка
Дојдете до датумот и изберете Опции > Направи белешка. Изберете го типот на
белешка и пополнете ги полињата.