
Стоперка
Можете да мерите време, да мерите средни времиња или да мерите етапни
времиња користејќи ја стоперката.
Изберете Мени > Организатор > Штоперица и од следниве опции:
● Подели го тајмингот — за да мерите средни времиња. За да го ресетирате
времето без да го снимате, изберете Опции > Ресет.
● Време на круг — за да мерите етапни времиња
● Продолжи — за да го видите мерењето кое сте го поставиле во позадината
● Прикажи последно — за да го видите последното измерено време ако
стоперката не е ресетирана
● Прикажи времиња или Избриши времиња — за да ги видите или избришете
снимените времиња
За да го поставите мерењето на стоперката во позадината, притиснете го копчето
за крај.
Организатор
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
50

17. Апликации
Вашиот телефон може да има инсталирани неколку игри или апликации. Овие
датотеки се сместени во телефонската меморија или во мемориска картичка и
може да бидат подредени во фолдери.
Видете "Мемориска картичка" стр. 39.
Стартување апликација
Изберете Мени > Апликации > Игри, Мемор. картичка или Колекција. Дојдете
до игра или апликација и изберете Отвори.
За да поставите звуци, светла и вибрации за игра, изберете Мени > Апликации >
Опции > Прилаго. на апл..
Други достапни опции може да го содржат следново:
● Верзија на надгра. — за да проверите дали е достапна нова верзија на
апликацијата за преземање од веб (мрежна услуга)
● Weб страна — за да обезбедите понатамошни информации или дополнителни
податоци за апликацијата од интернет страница (мрежна услуга), ако е тоа
достапно
● Пристап во аплика. — за ограничување на апликацијата за пристап на
мрежата
Преземање апликација
Вашиот телефон поддржува J2ME Java апликации. Уверете се дека апликацијата е
компатибилна со вашиот телефон пред да ја преземете.
Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг софтвер само од
доверливи извори, како што се апликациите што се потпишани од Symbian или го
поминале Java Verified™ тестирањето.
Можете да преземате нови апликации и игри на различни начини.
● Изберете Мени > Апликации > Опции > Даунлоади > Даун. на
апликација или Даунло. на игри; листата на достапни ознаки е прикажана.
● Користете го Nokia Application Installer од PC Suite за да преземате апликации во
вашиот телефон.
За достапноста на различни услуги и за цените, обратете се кај вашиот добавувач
на услуги.
18. SIM услуги
Вашата SIM картичка може да обезбеди дополнителни услуги. Можете да
пристапите до ова мени само ако тоа е поддржано од вашата SIM картичка. Името
и содржината на менито зависат од достапните услуги.