
Синхронизација и архивирање
Изберете Мени > Прилагодувања > Синх. и копија и некоја од следниве опции:
● Преф. на телеф. — Синхронизирајте или копирајте ги избраните податоци
помеѓу вашиот телефон и друг телефон со користење на Bluetooth технологија.
● Креи. на копија — Креирајте архива на избраните податоци на мемориска
картичка или на надворешен уред.
● Повр. од копиј. — Изберете архивска датотека снимена на мемориска картичка
или на надворешен уред и вратете ги податоците на телефонот. Изберете
Опции > Детали за информации околу избраната архивска датотека.
● Преф. на пода. — Синхронизирајте или копирајте ги избраните податоци
помеѓу вашиот телефон и друг уред, PC или мрежен сервер (мрежна услуга).