Nokia 5220 XpressMusic - Поставки на порака

background image

Поставки на порака

Изберете Мени > Пораки > Прилаг. за пор. и од следново:
Општи прилагод. — за снимање копии од пратените пораки во вашиот

телефон, за препис врз постарите пораки ако меморијата за пораки се наполни

и да поставите други поставки во врска со пораките

Текст пораки — за да дозволите извештаи за испорака, да поставите центри

за пораки за SMS и SMS e-mail, да го изберете типот на поддршка на знаци и да

поставите други поставки во врска со текстуалните пораки

Мултимедија пораки — за да дозволите извештаи за испорака, да го поставите

изгледот на мултимедијални пораки, да го дозволите приемот на

мултимедијални пораки и огласи и да поставите други поставки во врска со

мултимедијалните пораки

E-mail пораки — за да дозволите e-mail прием, да ја поставите големината на

сликата во e-mail и да поставите други поставки во врска со e-mail

Пораки

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

27

background image

Услужни пораки — за да ја активирате услугата за пораки и да поставите

поставки во врска со услугата за пораки

7. Контакти

Можете да снимите имиња, телефонски броеви како контакти во телефонската

меморија и во меморијата на SIM картичката и да ги пребарувате и повикувате за

да упатите телефонски повик или за да пратите порака.

Управување со контакти

Избор на меморијата за контакти

Меморијата на телефонот може да сними контакти со дополнителни детали, како

што се различни телефонски броеви и текстуални ставки. Исто така, можете да

снимите слика, тон или видео клип за ограничен број на контакти.
Меморијата на SIM картичката може да сними имиња со еден телефонски број

прикачен на нив. Контактите снимени во меморијата на SIM картичката се означени

со

.

Изберете Мени > Контакти > Прилагодувања > Мем. во употреба. Кога ќе

изберете Телефон и SIM, контактите ќе бидат снимени во меморијата на

телефонот.

Снимање имиња и броеви

За да снимите име и телефонски број, изберете Мени > Контакти > Имиња >

Опции > Додај нов контакт.
Првиот број кој сте го снимиле е автоматски поставен како основен број и е означен

со рамка околу индикаторот за тип на бројот (на пример, ). Кога ќе изберете име

од именик (на пример, за да упатите повик), ќе се користи основниот број, освен

ако не изберете друг број.

Барање контакт

Изберете Мени > Контакти > Имиња и движете се низ листата со контакти или

внесете го првиот знак од името на контактот.

Додавање и уредување детали

За да додадете или смените детаљ за контакт, изберете го контактот и Детали >

Опции > Додај детал и од достапните опции.

Копирање или преместување контакт помеѓу SIM картичката и

телефонската меморија

1. Изберете Мени > Контакти > Имиња.
2. Изберете го контактот за копирање или преместување и Опции > Копирај

контакт или Премес. контакт.