
Безбедност
Кога се користат функциите за заштита што ги ограничуваат повиците (како што
се забрана за повик, затворена корисничка група, и фиксно бирање), можни се и
повиците до официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред.
Изберете Мени > Прилагодувања > Безбедност и од следниве опции:
● Барање на PIN код или Барање за UPIN код — за да се бара вашата PIN или
UPIN шифра при секое вклучување на телефонот. Некои SIM картички не
дозволуваат барањето на шифрата да биде исклучено.
● Барање на PIN2 код — за да изберете дали е потребна PIN2 шифрата при
употреба на специфични одлики на телефонот кои се заштитени со PIN2
шифрата. Некои SIM картички не дозволуваат барањето на шифрата да биде
исклучено.
● Усл. за заб. на повик — за да ги ограничите дојдовните повици кон и
појдовните повици од вашиот телефон (мрежна услуга). Лозинка за забрана на
повик е потребна.
● Фиксно бирање — за да ги ограничите вашите појдовни повици на одбрани
телефонски броеви, ако тоа е поддржано од вашата SIM картичка. Кога е
вклучено фиксното бирање, не се можни GPRS врски освен при испраќање
текстуални пораки преку GPRS врска. Во овој случај, бројот на телефонот на
примателот и бројот на центарот за пораки мора да бидат вклучени во листата
за фиксно бирање.
● Затвор. корис. група — за да одредите група на луѓе кои можете да ги
повикувате и кои можат да ве повикуваат (мрежна услуга)
● Ниво на безбедност — Изберете Телефон за да се бара безбедносната шифра
секогаш кога нова SIM картичка е вметната во телефонот. Изберете Меморија,
за да се бара безбедносната шифра кога е избрана меморијата на SIM картичката
и сакате да ја смените користената меморија.
● Пристапни кодови — за смените безбедносната шифра, PIN шифрата, UPIN
шифрата, PIN2 шифрата или лозинката за забрана
● Код што се користи — за да изберете дали да биде активна PIN или UPIN
шифрата
● Серт. за авторитет или Серт. на корисници — за да ја видите листата на
овластувачки или кориснички сертификати преземени во вашиот телефон.
Видете "Безбедност на прелистувачот" стр. 46.
● Прил. на мод. за без. — за да видите Детали за безб. мод., активирајте Бара.
за модул PIN или сменете PIN за модул и PIN за потпис.
Видете "Пристапни
шифри" стр. 9.
Поставки
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
38